Жена и нејзиниот шестгодишен син беа однесени од улична поплава за време на силен дожд во бразилскиот град Дивинополис.
Надзорните камери снимија застрашувачка сцена за време на невремето што го погоди градот во петокот. На видеото можете да видите жена и дете кои ненадејно ги однесе поројот, мајката успеала да се задржи за бандера од улично светло и да го зачува детето а за среќа еден од минувачите веднаш успеал да го повлече детето надвор од водата.
Мажот потоа се обидува да и’ помогне на жената и на крајот успева да ја спаси со помош на уште двајца случајни минувачи.
Според локалните медиуми, жената поради повреди била пренесена во болница.
Детето не е повредено