Драматични сцени се снимени во центарот на Атина каде жена во последен момент беше извлечена од поплавата предизвикана од бурата Даниел.
На социјалните мрежи се појавија видеа од плоштадот Синтагма каде луѓето си помагаат едни на други од надојдената вода што ги поплави главните патишта во Атина.
На видеото се гледа како маж успева да спаси една жена, додека другата лета неколку метри и во последен момент се фаќа столб за сообраќаен знак, пренесува Прототема.
Во исто време, на неколку метри, кај метро станицата „Евангелисмос“ се снимени невидени сцени од поплави. Настрешницата добила толку многу вода што се претворила во водопад.
Неверојатни слики се снимени и на плоштадот Монастираки, каде станицата беше поплавена, додека улицата Пандросу стана како река.
Бурата Даниел, која веќе трет ден ја тресе Грција, денеска го погоди центарот на Атина. Од утрото имаше спорадични врнежи во предградијата, но од 16 часот состојбата се влоши, со обилни врнежи од дожд во главниот град и Пиреја, придружени со интензивни грмежи.