Поплавите ја уништија Грција! Страшна снимка покажува колкав е степенот на елементите кои носат куќи, мостови и животи „Ситуацијата е трагична…“ (ФОТО, ВИДЕО)

Бурата Бора ја зафати Грција и предизвика поплави во кои загинаа двајца мажи.

Бурните дождови и ветровите предизвикаа штети низ целата земја, а првата погодена област беше островот Родос, јавува Би-Би-Си.

На него од саботата наврнаа повеќе од 30 цм дожд. Првите смртни случаи се забележани на островот Лемнос, поради поплавите кои оштетија патишта и згради.

Во блиската населба Контиас, 70-годишен маж загинал кога паднал додека се обидувал да расчисти куќа.

Пожарникарите подоцна го пронашле телото на 57-годишниот фармер, откако неговото семејство го пријавило за исчезнат во областа Лемнос, во близина на браната.

Според полицискиот извештај, тој се удавил додека се обидувал да премести автомобил заглавен во калта.

Жителите се евакуирани поради страв дека браната може да се излее.

Штети беа пријавени и во вториот по големина грчки град Солун.

Националната метеоролошка служба соопшти дека очекуваат дожд да зафати поголем дел од земјата во наредните часови.

На Лемнос целосно се уништени и повеќето рурални патишта што ги поврзуваат селата Контиас со Танос и Агиос Димитрис.

Жителите ја опишуваат состојбата на Родос како драматична, а воведена е и 24-часовна забрана за движење на возила на патиштата.

– Ситуацијата е трагична. Некои ги загубија своите домови, други побегнаа, нашите автомобили се во ужасна состојба, изјави Софија Канели за Ројтерс.

Во текот на ноќта неколку лица останаа затрупани на патиштата поради поројни поплави.

Регионалниот гувернер на Јужен Егеј, Јоргос Хацимаркос, рече дека Родос претрпел „огромна штета“.

Повеќето патишта се непроодни, а мостовите во областа Калитеа-Фалираки исто така се урнати.

Градоначалникот на Родос, Александрос Колиадис, поднесе барање до грчката влада да прогласи вонредна состојба на островот.

Во Солун, одделот за цивилна заштита ги повика жителите во областите Пилаја и Хортијатис да останат во затворен простор поради налетите на бура до 80 километри на час.

Дошло и до прекин на електричната енергија откако дрвја паднале и ја оштетиле електричната мрежа. Како резултат на тоа, железничките линии меѓу Солун и Атина беа одложени .

Во меѓувреме, товарен брод закотвен во пристаништето во Солун беше однесен од силните ветришта и се судри со друг товарен брод, при што беа оштетени двата брода.

Невремето се очекува во наредните часови да ги зафати северноегејскиот регион, централна Македонија, делови од Халкидики, Иматија, Пиерија, Тесалија и Лариса.