Поплави во Турција: Неколкумина загинати и оштетени голем број куќи! Природните катастрофи со недели ја демнеат (ВИДЕО)

Неколкумина загинаа, а оштетени се голем број куќи и објекти во големите поплави што го зафатија југот на Турција, еден месец по разорните земјотреси.

Обилниот дожд што веќе два дена трае во турскиот град Шанлиурфа, разурнат од земјотресот, во среда, на 15 март, го отежна секојдневниот живот на локалното население.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија. Најмалку 48.448 луѓе загинаа во земјотресите во Туркијe.

По земјотресите, Турција не може ,,глава да крене” од обилните дождови кои прават поплави и носат cè пред себе.