Обилните врнежи од дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
-Неколку патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој.
Во провинцијата Болу е затрупан излезот од тунелот. На снимка се гледаат багери кои се обидуваат да го исчистат патот. Метеоролошката служба предупреди и на ново невреме во Црноморскиот регион.
Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.
Турскиот претседател РеџепТаип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза.
-За жал, како и остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите предизвикани од климатските промени, рече Ердоган во Истанбул.