Кандидатот за пратеник на Српска листа, Срѓан Поповиќ денеска изјави дека парламентарните избори организирани од Приштина се можеби најважните избори за Србите на Косово и ги повика граѓаните да излезат на гласање во што поголем број.
Гледате во каква ситуација живееме. Тоа институционално присуство ни е многу важно. Очекуваме многу голем одѕив на гласачите. Водевме многу добра и афирмативна кампања каде на речиси сите гласачи им ја објаснивме важноста на овие избори, зошто треба да излезат на гласање и зошто треба да гласаат. Пораката е дека по овие избори не чека работа и борба за нашите интереси“, рече Поповиќ.