Високиот крвен притисок ги погодува речиси половина од возрасните, и иако лековите можат да помогнат во неговата контрола, кардиолозите истакнуваат дека исхраната е клучна.
„Она што го јадеме директно влијае на крвниот притисок – преку здравјето на крвните садови до телесната тежина“, објаснува кардиологот д-р Дипак Талри за Параде. Здравиот избор на храна може дури и да ја намали потребата од лекови.
Една ужина што многумина ја сметаат за здрава всушност може да ја влоши хипертензијата – тоа се стапчињата за леб или переците.
„Парецето им изгледа како здрав производ на многу луѓе бидејќи не е мрсно и бидејќи е печено, што често се смета за поздрав начин на подготовка“, вели кардиологот д-р Арон Фајнголд.
Сепак, переците често содржат изненадувачки големи количини сол.
„Една порција може да содржи повеќе од 300 милиграми натриум, што е многу ако се обидувате да останете под препорачаните 1.500 до 2.300 милиграми дневно“, предупредува кардиологот д-р Кристофер Берг.
Наместо переци, кардиолозите препорачуваат исхрана богата со зеленчук и интегрални житарки.
Лекарите истакнуваат дека переците можат да содржат околу 20 проценти од препорачаната дневна количина сол – и тоа само во една порција.
„Луѓето често јадат две или три порции без ни да го сфатат тоа“, забележува д-р Фајнголд.
Освен солта, проблемот е што переците се прават од бело брашно, што може да предизвика ненадеен скок на шеќерот во крвта и да стимулира воспалителни процеси, што дополнително ги оптоварува крвните садови. За подобар избор на ужина, д-р Талреја предлага едноставно правило:
„Ако некој прехранбен производ има повеќе милиграми натриум отколку калории по порција, веројатно е богат со сол.“
Наместо переци и стапчиња за леб, кардиолозите препорачуваат исхрана богата со зеленчук, интегрални житарки, млечни производи со ниска масленост и риба.
Покрај правилната исхрана, тие советуваат и редовна физичка активност, дневни вежби за дишење и редовно следење на крвниот притисок – бидејќи комбинацијата од овие навики најмногу придонесува за здравјето на срцето.