Сендвич со сирење може да помогне да се намали ризикот од деменција, сугерира новата студија. Научниците од Јапонија открија дека оние кои редовно ја јаделе имаат подобри резултати на когнитивните тестови, што укажува на тоа дека имаат помала веројатност да развијат деменција подоцна во животот.
Истражувачите го следеле здравјето, физичката активност и навиките во исхраната на 1.516 луѓе на возраст над 65 години во Токио. Околу 80 отсто од учесниците консумирале сирење. Од нив, 28 отсто од волонтерите го јаделе секој ден, 24 отсто од нив секој втор ден и 30 отсто од испитаниците два пати неделно. Најпопуларната опција беше преработеното сирење, а на листата се најде и бри и камимбер, свежо сирење (како фета, маскарпоне и рикота) и сино сирење (како што е горгонзола).
Учесниците одговараа на 30 прашања кои ја тестираа нивната когнитивна функција. Тестот се состоеше од проверка на меморијата, јазикот, ориентацијата, вниманието и визуелно-просторните вештини. Луѓето кои јаделе сирење постигнале подобар резултат, а исто така имале малку понизок крвен притисок и индекс на телесна маса, оделе побрзо и консумирале поразновидна исхрана. Меѓутоа, тие имале и повисок холестерол и шеќер во крвта.
Авторите, кои ги објавија своите наоди во списанието Nutrients, рекоа дека сирењето може да има својства за зајакнување на мозокот, но потребни се дополнителни студии за да се утврди улогата што ја игра храната, особено во развојот на деменција.
Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција и се смета дека е предизвикана од акумулација на протеини во мозокот.