Зои Гарднер-Лосон (36), мајка на три деца, и покрај тоа што водела здрав живот, се соочила со шокантна дијагноза на рак на дебелото црево во четврта фаза, откако лекарите трипати погрешно ѝ дијагностицирале и ги пропуштиле клучните знаци на болеста.
Зои Гарднер-Лосон (36) отсекогаш се грижела за своето здравје , спортувала и живеела активен живот. Но, и покрај тоа, таа се соочила со најголемиот предизвик во животот – ракот на дебелото црево во напредна фаза , кој лекарите го откриле дури откако трипати погрешно ја дијагностицирале.
– Првиот симптом што го забележав беше постојана, досадна болка во долниот дел на грбот. Лекарот ми препиша антибиотици, но болката не помина. Се ширеше кон мојот стомак, па повторно побарав помош. Овој пат ми рекоа дека имам уринарна инфекција и ми препишаа уште една тура антибиотици. По еден месец без подобрување, лекарот бил убеден дека инфекцијата напредува и препишал трета тура антибиотици. Дури се посомневале и на камен во бубрег, но ништо од тоа не било причина – рекла Зои.
Болката набрзо станала толку силна што не можела да стане од кревет. Брза помош ја однела во болница, каде што првите тестови повторно покажале камен во бубрегот. Сепак, Зои инсистирала на дополнителни прегледи, па ја скенирале.
– Резултатите ги шокираа дури и лекарите. Ми кажаа дека имам рак на дебелото црево во четврта фаза, со метастази на околните органи. Не можев да верувам дека јас, здрава и млада жена, може да имам рак, и тоа во толку напредна фаза. Докторот ми објасни дека најверојатно туморот го имам во телото најмалку четири години – рекла Зои, пренесува „ Дејли мејл “.
Doctors thought I had a UTI – it was stage 4 colon cancer and these were the hidden signs
— Platinum Int’l News (@aigbanegbe) January 9, 2025
via https://t.co/5IEzCGTIdL https://t.co/IWpw10WL2Q
Ракот метастазирал во црниот дроб и лимфните јазли, па веднаш започнало агресивно лекување. Зои беше подложена на операција за отстранување на примарниот тумор од дебелото црево, по што започна шест циклуси на хемотерапија.
– Моментално сум на четврти циклус. Хемотерапијата е исцрпувачка, но се надевам дека ќе го забави ширењето на болеста. Ме чека уште една операција за отстранување на метастазите од црниот дроб и лимфните јазли – додаде таа.
Ракот на дебелото црево се повеќе ги погодува помладите луѓе. Иако порано тоа беше карактеристично за луѓето над 60 години, експертите забележуваат зголемување на бројот на заболени кај помладата популација, што го поврзуваат со модерниот начин на исхрана, хемикалиите и начинот на живот.
Зои верува дека е неопходно да се намали старосната граница за скрининг за рак на дебелото црево.
– Сегашната граница од 50 години не е доволна. Скринингот треба да започне на 30 или дури 25 години ако сакаме да спасиме млади животи – изјави Зои.
Најчестите симптоми на рак на дебелото црево вклучуваат промени во движењето на дебелото црево, крв во столицата, надуеност, абдоминална болка, неочекувано губење на тежината и постојан замор.