Поради екстремните температури, омилената храна на многумина може да стане недостижна: “Цените вртоглаво ќе пораснат!“

Топлотните бранови низ Европа наскоро би можеле да ја зголемат цената на маслиновото масло, пишува CNN.

Екстремните горештини на кои е изложен јужниот дел на Европа од април го „наплаќаат“ данокот на маслиновите дрвја. Втора година по ред жетвата ќе биде помала од очекуваната бидејќи дрвјата за да се заштитат од суша и жештина порано ги испуштаат плодовите.

Резултатот е зголемување на цената на маслиновото масло.

Шпанија, најголемиот светски производител на маслиново масло, е меѓу најпогодените региони од глобалното затоплување. Температурите во април веќе достигнаа 40 степени Целзиусови, а од високите горештини страдаат и маслинови насади во Италија и Грција.

Експертите за маслинарство стравуваат дека ќе има намалување на жетвата за 30 проценти во однос на просекот од пет години.

Не гледаме одмор на хоризонтот“, вели Валтер Занре, директор на компанијата за преработка на маслинки Filippo Berio.

Според графиконот на Федералната резервна банка наСв. Луис“, цената на маслиновото масло во јули била 8.599 долари за тон, што е значително зголемување од минатото лето кога цените беа половина од тоа. Втората највисока цена забележана од банката беше кон крајот на 1996 година, со повеќе од 6.240 долари за тон.

Меѓународниот совет на маслинари, меѓутоа, не прогласи криза и сега работи на стратегии за полесно одгледување на маслинки при екстремни горештини и суша.

Сепак, неименуван член на советот рекол дека глобалното производство на маслиново масло се намалило за 20 отсто од октомври 2022 година до септември 2023 година, првенствено поради климатските промени.

Како таквото сценарио влијае на цените на маслиновото масло, можеби најдобро говори она што се случи со цените на доматите во Индија, каде интензивните горештини и обилните дождови придонесоа за зголемување на цената за повеќе од 400 проценти.

Verywellfit состави листа на алтернативи за маслиновото масло, вклучувајќи семки од грозје, канола, кокос, па дури и пасирани банани. Сепак, некои од овие намирници можат да бидат погодени од глобалното затоплување.

Zero Acre Farms произведува уникатно масло од микроорганизми, а производството користи сличен концепт како во производството на алкохол, јогурт или кисело тесто и ја елиминира потребата од пресување на овошјето.

Тоа би можело да биде дел од решението за проблемите со земјоделските култури во светот, барем кога се во прашање маслата.

Ние сме многу загрижени не само за маслиновото масло, туку и за многу други култури“, порчал Кајл Холанд од истражувачката група Mintec за CNN.

климатски променихранаШпанија