Според полицијата, околу 7.500 луѓе се собрале пред парламентот во Атина опремени со транспаренти, одговарајќи на повикот на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор. Стотици црни балони беа пуштени на небото во спомен на жртвите од судирот на патнички воз од Атина за Солун и товарен воз во вторникот вечерта.
Судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во неделата во Атина поради железничка несреќа во Грција претходно оваа недела, во која загинаа најмалку 57 лица . Студентите и железничарите протестираа во центарот на Атина поради несреќата, најсмртоносната во грчкото сеќавање. Демонстрантите запалија корпи за ѓубре и фрлаа молотови коктели , а полицијата одговори со солзавец и шок-бомби во центарот на грчката престолнина, забележаа новинарите на АФП.
Според полицијата, околу 7.500 луѓе се собрале пред парламентот во Атина опремени со транспаренти, одговарајќи на повикот на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор. Стотици црни балони беа пуштени на небото во спомен на жртвите од судирот на патнички воз од Атина за Солун и товарен воз во вторникот вечерта.
„Чувствуваме огромен гнев“, изјави за АФП синдикалецот Михалис Хасиотис, кој се приклучи на маршот.
По несреќата имаше предупредувања за дотраеност на железничката мрежа, разни проблеми во сигнализацијата и безбедносниот систем на пругата, а одговорноста ја призна и управителот на станицата во Лариса, градот најблиску до несреќата. „Ништо не оди добро во оваа земја… Кого залажуваат? “, рече Никос Цикалакис, претседател на синдикатот на железничарите.