Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се зголемија над 82 долари поради влошените изгледи за прекин на непријателствата во Појасот Газа.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше повисока за 79 центи отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 82,42 долари. Вчера заврши тргнувањето со добивка од 2,42 долари.
На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 1,02 долари повисока цена од 77,24 долари. Вчера заврши тргнувањето со добивка од 2,36 долари.