Поради новиот закон, инфлуенсерите можат да одат и во затвор !? Ова тотално ќе го промени начинот на кој работеле до сега – дали доаѓа крајот на ‘голите’ фотографии !?

Француските инфлуенсери/ки отсега ќе мора да бидат многу повнимателни со рекламниот бизнис. Имено, во Франција е донесен закон за чие прекршување се предвидува дури и затворска казна. Станува збор за нови правила за рекламирање кои се насочени кон погрешни или лажни огласи, со цел заштита на потрошувачите.

Промоцијата на лотарии и обложување е ограничена, а забранета е промоција на тутун и слични производи. Франција е првата земја во Европа која законски ја дефинира рекламната улога на инфлуенсерите на овој начин.

Законот го поддржаа сите партии, а во Сенатот помина со едногласна поддршка. Причината за донесување на законската рамка за активностите на инфлуенсерите – луѓе кои промовираат производи на своите следбеници на социјалните мрежи, но не укажуваат дека се платени за тоа – е зголемувањето на бројот на жртви на интернет измами. 

Потребно беше, велат претставниците, да се дефинираат контурите на комерцијалните активности и да се посочат „одговорностите и обврските“ на инфлуенсерите.

Токму затоа, според новиот закон, „актерите со комерцијално влијание“ нема да можат да промовираат лотарија или обложување и коцкање на платформи кои немаат можност да забранат пристап на младите.

Забранета е промоција и на пластична хирургија и некои козметички третмани, како и некои „финансиски производи“ и медицински помагала.

Во случај на прекршок, најстрогите казни се две години затвор или парична казна од 300.000 евра. Како една од критиките се посочува дека е под знак прашалник способноста на владата да ги надгледува постапките во согласност со правилата, особено ако се работи за лица кои физички се надвор од територијата на Франција. Во Франција, пак, според податоците на Министерството за економија, има до 150.000 инфлуенсери.

законинфлуенсериФранција