Латино дивата Џенифер Лопез присуствуваше на настанот Revolve Launch Party во Лос Анџелес а нејзиниот изглед беше навистина „бомбастичен“ кој предизвикуваше воздишки кај секого.
Сив светкав фустан со проѕирен горен дел и долго здолниште со шлиц, надополнето со пердуви околу рамењата.
Да потсетиме дека Лопез и Афлек, кои ги нарекуваа „Бенифер“, беа најозборуваната славна двојка на почетокот на 2000-тите години. Тие ненадејно ја откажаа својата венчавка во 2003 година и раскинаа неколку месеци подоцна. Но, тие се повторно заедно од јуни 2021 година и се буквално неразделни.
Сепак, за овој настан Џенифер направи исклучок и присуствуваше сама.