Ставањето тоалетна хартија во фрижидер е трик кој стана вирален на социјалните мрежи од 2015 година, а сега повторно е во тренд.
Наместо класична кутија со сода бикарбона, во задниот дел од фрижидерот можете да ставите ролна тоалетна хартија. Влагата во фрижидерот може да предизвика појава на мувла и непријатни мириси, а тоалетната хартија делува така што ја апсорбира вишокот на влага и непријатните мириси.
Сепак, треба да се нагласи дека тоалетната хартија е само привремено решение. Сода бикарбона останува најефикасната опција за повеќето домаќинства кога станува збор за елиминирање на непријатните мириси.
По употребата на сода бикарбона за оваа намена, не ја употребувајте при готвењето бидејќи може да биде штетна.
Алтернативни ефективни решенија за непријатни мириси може да бидат активен јаглен и екстракт од ванила. Ако натопете памук во ванила и го ставите во фрижидер, ќе мириса на пекара. Исто така, некои модерни фрижидери денес доаѓаат со ултравиолетови филтри за отстранување на мириси, според извештајот на Wfla.