Авто-мото сојузoт на Македонија соопштува дека поради пожарот во „Јасен“, патот Р1106 Македонски Брод – Скопје продолжува да останува затворен за сите видови возила.
Тие велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
„Поради летните одмори, има зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 30 минути, на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез е околу 20 минути, додека на другите гранични премини нема подолги задржувања при влез или излез од земјата“, велат од АМСМ.