Пејачката Јелена Карлеуша неодамна ги запали мрежите поради сликите кои ги објавува на социјалните мрежи – следбениците објавија кадри од настапи на кои изгледа пополничка отколку на Инстаграм. Сега доаѓаат нови снимки!
Пејачката Јелена Карлеуша која последните недели е во центарот на вниманието поради одморот во Дубаи кој ја чинеше 11.000 евра, но и купувањето корсети и ракавици за кои искеширала исто толку пари, објави видео во костим за капење, што предизвика бурни реакции на нејзината сметка.
Пејачката пред неколку месеци беше мета на критики што ги средува своите фотографии во фотошоп, а како доказ беа понудени видеа од нејзините настапи каде е облечена во танга, кожни ремени и горен дел од костим за капење .
Недолго по објавувањето на серијата видеа од настапи во танга, Јелена ја доведе линијата во ред, а сега со слики од Дубаи, на кое е во црни бикини на пруги, покажа витка линија и дека никогаш не била потенка.