АМЕРИКАНСКАТА манекенка Лорен Васер едвај преживеала откако доживеала синдром на токсичен шок (ТСС) од носење тампон. Имено, Лорен била принудена од лекарите да ги ампутира двете нозе поради оваа опасна по живот состојба, а од своето искуство отворено решила да зборува во подкаст со Стивен Бартлет за да ги предупреди другите жени за оваа опасност.
Како што открила во интервјуто, оваа 35-годишна жена на самиот почеток мислела дека има грип бидејќи симптомите биле многу слични. Откако изгубила свест, веднаш била пренесена во болница, каде лекарите констатирале дека доживеала срцев удар и веднаш ја ставиле во индуцирана кома.
По извршените тестови и бил дијагностициран синдром на токсичен шок. Кога се разбудила од кома, дознала дека оштетувањето од гангрена на нејзините нозе е неповратно, поради што лекарите биле принудени да и ја ампутираат ногата.
„Се чувствував како нозете буквално да ми се запалени, чувството на печење беше неподносливо“, изјавила манекенката која била шокирана кога дознала што и се случило. Дури и мајка ми не можеше да биде во собата со мене затоа што врескав, плачев и паничев“.
Неколку години подоцна, лекарите морале да и ја ампутираат другата нога поради неподносливи болки, а сега Лорен го посветила својот живот на подигање на свеста за синдромот на токсичен шок. „Тампоните се произведуваат со употреба на хлорирани белило, диоксини и синтетички влакна, кои создаваат совршена бура во нашите тела“, предупреди таа во подкастот.