– По тензичната ситуација, што ја создадоа демократските пратеници од крилото на Сали Бериша, со запоседнување на собраниската говорница, претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола ја прекина седницата.
Иште пред да почне претходеше судир меѓу обезбедувањето и исклучените пратеници за недоличното однесување на претходната седница, кои насилно се обидоа да влезат во собранието.
Седницата почна со едноминутно молчење во знак на почит кон настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија, по што на сцена настапија пратениците на Бериша, меѓу кои и тој, со обвинувања, навреди, свирење со свирчиња, а имаше и кус прекин на електричната енергија.
Пратениците на Бериша не дозволија на говорница да излезе пратеник од владејачкото мнозинство. По неколкуте куси прекини, по два часа од почетокот на седницата, претседателката Никола ја прекина седницата.
Откако излезе од законодавниот дом, Бериша, кој е пратеник, им се заблагодари на учениците на протестот пред парламентот велејќи дека тие ја „бранат праведната кауза“ и додаде дека Рама е предавник на нацијата.
-Прво, сакам да ви се заблагодарам на најсрдечен начин, најдлабока благодарност. Вашето присуство овде беше извонредна поддршка за нас, за албанските демократи каде и да се. Ние ја браниме праведна кауза. Вашето масовно присуство ги принуди да ја прекинат седницата на парламентот, кој веќе е мртов, исто како и Рама, предавникот на нацијата, рече Бериша.
Денешнот попладневен протест е по саботниот масовен протест што беше одржан пред владата. И двата протеста минаа релативно мирно, само со фрлање пиротехнички средства и куси обиди за пробивање на полициските кордони. Претходно масовни антивладини протести Бериша, поддржан од Илир Мета одржа на 6 декември, кога во Тирана се одржуваше Самитот ЕУ-Западен Балкан и претходно на 7 јули.
Инаку, денеска во Албанија беше ден на национална жалост во знак на почит кон жртвите од земјотресот. Знамињата беа спуштени на половина копје а во сите градови се паела свеќи. Тоа Рама го направи на балконот на владата.