Поради царините на Трамп, iPhone 17 би можел да чини богатство

Меѓународните пазари минуваат низ турбулентен период поради одлуките на администрацијата на Трамп по таканаречениот Ден на ослободувањето. По низа промени, увозните давачки беа зголемени во САД, а односите со Кина влегоа во фаза на сериозен трговски хаос.

Новите царини на Трамп беа објавени, но брзо беа блокирани од судовите – заедно со оние што ги воведе веднаш по преземањето на функцијата. Но, по последователната жалба, тарифите беа повторно воведени и ќе останат во сила до 9 јуни.

Според Гизчина, Трговскиот суд на САД пресуди дека претседателот нема законско овластување да воведува сеопфатни тарифи врз основа на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (IEEPA).

Сепак, по жалбата на Белата куќа, Федералниот апелационен суд привремено ја суспендираше таа пресуда, што значи дека тарифите се привремено вратени додека трае жалбената постапка. Судот им наложи на двете страни да ги достават своите аргументи до 9 јуни, по што ќе донесе конечна одлука.

Во меѓувреме, пазарот продолжува да функционира, но последиците веќе се чувствуваат – особено во технолошкиот сектор.

iPhone 17 може да биде поскап – насекаде

„Епл“ е една од компаниите што би можела да биде сериозно погодена. Со текот на годините, таа инвестираше многу во својот глобален синџир на снабдување, а ограничувањата за неговата употреба сега ѝ предизвикуваат сериозни проблеми. Се проценува дека Apple би можел да изгуби околу 900 милиони долари во вториот квартал од 2025 година.

Доколку ништо не се промени наскоро, iPhone 17 би можел да стане значително поскап – не само во САД, туку и на други пазари.

Трамп се соочува со сè поголем притисок поради штетата што овие царини им ја нанесуваат и на американските и на странските компании. Иако беа воведени со цел зајакнување на американската економија, можно е на крајот да направат повеќе штета отколку корист. Ситуацијата е неизвесна, а за сите што купуваат нов iPhone секоја година – можеби е време да почнат да штедат.