Конфликтот во Украина ќе заврши под услови диктирани од Русија, по целосниот колапс на вооружените сили на Украина, изјави поранешниот американски маринец Брајан Берлетик на својот канал на Јутјуб „The New Atlas“.
– Сите тие загуби на Украина ќе продолжат по целата линија на контакт, додека вооружените сили на Украина не доживеат колапс на одредени делови од фронтот, а потоа ќе дојде до целосен колапс. Ова ќе и’ овозможи на Русија да ги постигне целите поставени во рамките на специјалната воена операција. Конфликтот ќе заврши по условите на Русија – изјави Берлетик.
Тој исто така изјави дека Западот нема способност да ги надомести загубите на Украина, која доживува недостаток и на муниција и на борци. Сојузниците на Киев не можат да произведат толку оружје колку што прави Русија, додаде поранешниот маринец.
Западните медиуми се почесто пишуваат за тоа дека Вашингтон и Брисел се уморни од украинскиот конфликт, како и дека поддршката за Владимир Зеленски слабее.
Според информациите на телевизискиот канал Ен-Би-Си, американски и европски претставници веќе разговараат со Киев за можните последици од мировните преговори со Русија, вклучувајќи ја и општата рамка за тоа од што Украина ќе мора да се откаже за да се постигне договор.