Поранешен селектор осуден на 20 години затвор: Само што ја добил функцијата, полнал да бара мито! Брутално казнет за 7 милиони евра!

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те е осуден на 20 години затвор поради корупција, објавија локалните медиуми.

Те (47), кој своевремено играше во англиската Премиер лига како играч од средниот ред за Евертон, беше прогласен за виновен за „користење на својата позиција“ како селектор на Кина за примање мито од повеќе од 50 милиони јуани (околу седум милиони долари), се вели во пресудата на судот од централната провинција Хубеи.

Селекторската функција ја извршуваше од јануари 2020 до декември 2021 година. Тој е обвинет и за примање мито во периодот од 2015 до 2019 година, кога раководел со локални фудбалски клубови.

Истрагата беше покрената во ноември 2022 година, а самиот Ли Те се изјасни за виновен за мито и корупција во март оваа година.

Ова е последен во серијата корупциски скандали во кинескиот фудбал, откако поранешниот претседател на Кинеската фудбалска асоцијација (CFA) Чен Сујуан беше осуден на доживотен затвор за примање мито во март. На почетокот на оваа недела, уште тројца службеници на CFA беа осудени на затворски казни за примање мито.