Поранешен украински висок функционер изрешетан; Деталите се морничави

Андриј Портнов, поранешен висок функционер во администрацијата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, е убиен.

Како што објави Ројтерс, Портнов бил застрелан од засега неидентификуван напаѓач или напаѓачи.

Според извештаите, тој бил убиен 
пред Американското училиште во Мадрид , во богатата мадридска населба Поцуело, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

Портнов е под санкции на САД од декември 2021 година, поради корупција во судството, а според Радио Слободна Европа – Радио Либерти, тој ја напуштил Украина на 3 јуни 2022 година.

Полициски извори изјавија дека жртвата е украински државјанин кој стоел до своето возило пред Американското училиште во Поцуоли околу 9:15 часот наутро, каде што во тој момент влегувале десетици ученици.

Полицијата соопшти дека смртта настапила „поради фатални повреди откако жртвата се здобила со најмалку три прострелни рани“.

„Смртоносниот истрел беше во главата, одзади, а другите два во телото, во стомакот и од страна“, изјави портпаролот на полицијата за шпанскиот весник.

Полициски извори за „Ел Паис“ изјавиле дека мажот возел „Мерцедес“ кога бил изненаден од двајца или тројца напаѓачи, кои испукале пет куршуми во главата и грбот.

Полицијата не објави детали за видот на употребеното оружје или дали жртвата имала криминално досие, бидејќи истрагата штотуку започнала.

Американското училиште потврди дека инцидентот се случил пред училиштето, но не е познато дали жртвата е родител на ученикот или е во некаква врска со него.

„Инцидентот се случил половина час по почетокот на часовите во 8:45 часот наутро, па ниту децата ниту нивните родители не виделе ништо. Засега, наставните активности продолжуваат, но раководството ќе одлучи за понатамошните чекори на состанок“, изјави претставник на училиштето.

Некои шпански медиуми објавија дека човекот ги однел своите две деца на училиште пред да биде убиен.

Ова е втор смртоносен инцидент во Мадрид за само три дена, по тепачката што се случи рано наутро во неделата во Латинскиот кварт на главниот град, во која еден маж беше избоден со нож.

Националната полиција верува дека можеби станува збор за борба меѓу кланови и уапси четири лица, од кои едно е малолетно лице.