На неформалната група „Протест против убиствата на Онкологија“ споделија дека поранешната директорка Симонида Црвенковска која беше под кривичен прогон се уште работи на Клиниката за Онкологија. Истовремено повикуваат на масовност на денешниот протест пред влада Почитувани,Како неформална иницијатива, едно од нашите главни барања е одговорност од високите функционерски позиции кои биле дел од скандалот со Клиниката за Онкологија. До нас пристигнаа информации од пациенти кои сакаат да останат анонимни дека биле приморани да платат на приватно лек за да добијат потпис од поранешниот директор, Нино Васев. Дел од оваа шема била и поранешната директорка на Клиниката, Симонида Црвенковска.Оваа докторка која уште работи на Клиниката, во 2012 година беше разрешена од директорското место од страна на тогашниот министер Никола Тодоров. Како што во 2012 година беше утврдено при ревизија, Симонида Црвенковска на 27 јули 2011 година направила нарачка на лекови од претходен договор по цена од 44.208.80 денари, на само два дена пред да биде склучен новиот договор, во кој цената на истиот лек изнесува 1.815,45 денари.Иако во тој момент на Клиниката имало повеќемесечна залиха од тој лек, и немало потреба од дополнителна нарачка.Понатака, во 2012 година, Црвенковска заработи кривична пријава заради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Искористувајќи ја својата службена положба и овластување со непочитување на одредбите наведени во договорот за набавка на лекови, како и со наведување на лекови во спецификацијата за набавка, кои според дозата и јачината не се на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Црвенковска предизвикала штета на Фондот во износ од 6.372.691 денари и на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во износ од 15.173.399 денари или вкупно во износ од 21.546.080 денари. Односно, оваа директорка предизвикала штета во вкупен износ од 350.000 евра!Бараме Јавното обвинителство да обзнани каков е исходот од кривичната пријава против поранешната директорка и зошто истата сеуште е дел од персоналот на Клиниката за онкологија. Нема да дозволиме уште едно заташкување на случајот по цена на животите на пациентите! До кога ќе се штитат партиски поставени послушници на сметка на човечки животи?!Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на денешниот протест пред Влада каде ќе побараме одговори од ОЈО овој криминал да не биде во низата скандали кои немаат никаква разрешница. Во шест пред Влада – до крај!