Касија Галанио била пронајдена мртва во јуни минатата година, а пред смртта дала интервју во кое открила детали за својот живот.
Помина една година од смртта на поранешната катарска принцеза Касија Галанио. Имено, Касија била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Марбела, Шпанија, во јуни минатата година. Принцезата е пронајдена откако нејзината најмлада ќерка стапила во контакт со полицијата во Париз бидејќи неколку дена не можела да ја добие телефонски.
Странските медиуми пишуваат дека причина за смртта е предозирање, што на нејзините пријатели им било крајно чудно бидејќи таа секогаш била против алкохол и секакви наркотици. Но, на нејзиното тело во станот немало траги на упад или физичко насилство.
Принцезата била пронајдена мртва само неколку дена откако ја раскажа приказната за својот „кошмарен“ живот .
Касија беше поранешна сопруга на катарскиот принц и милијардер Абделазиз бин Калифа Ал Тани , поранешен министер за финансии и енергија, вујко на сегашниот катарски емир Тамим Ибн Хамад Ел-Тани. Касија му била трета сопруга, а се запознале кога таа имала само 19 години, а тој 28 години постар од неа.
Тие се венчале во 2004 година, нивниот брак траеше до 2012 година, а подоцна таа изјави дека бракот со такво богатство е проколнат.
Парот имал три ќерки, на почетокот живееле со својот татко, а по некое време постарите близначки решиле да се вратат кај мајка си во Марбела. Како што кажа Касија одамна, поради тоа нивниот татко решил да ги казни и да ги прекине сите контакти со нив.
Меѓутоа, нивната најмлада ќерка тогаш одлучила да остане и да живее со својот татко во луксузен стан од 50.000 квадратни метри во Париз, каде што бил протеран по државниот удар што го предводел неговиот полубрат Хамад бин Калифа ал Тани во 1995 година.
Инаку, Касија тврдела дека таткото сексуално вознемирувал една од близначките, што тој негирал.
– Моите две ќерки се близначки. Сакаа да живеат со мене и платија со тоа што таткото им повеќе не сакал да има никаков контакт со нив. Ова е многу тажно бидејќи децата треба да ги имаат двајцата родители со себе кога ќе пораснат. Најмалата не смее да комуницира со мене, што многу ме растажува бидејќи добива многу материјални работи од татко и, па тоа е некаква уцена и манипулација. Се чувствувам како да ми недостасува дел од телото – изјавила Касија во едно интервју.
Во последното интервју пред нејзината смрт, таа исто така изјави дека нејзиниот поранешен сопруг одбива да плаќа алиментација , а за време на борбата за старателството над ќерките, Касија морала да го продаде целиот накит за дојде до пари.