Поранешната најпребарувана и најгледана порно-ѕвезда на Порнхаб, Миа Калифа, повторно го забрза пулсот на нејзините обожаватели кога им покажа малку од голите гради додека го покажуваше својот нов златен пирс.
Поранешната порно-ѕвезда коментираше дека се чуствува како да е „во 2012 година“ и дека го вратила трендот на пирсинг на папокот.
Либанско-американската порно-ѕвезда ја подигна сивата дуксерица за да го покаже својот нов пирсинг, велејќи им на своите 27,6 милиони следбеници: „Се вратив во 2012 година и го продупчив папокот“.
Веќе е познато дека таа е љубител на „боди арт“ и дека има неколку тетоважи на нејзиното тело. Поранешната порно-ѕвезда, која порано беше една од најгледаните порно актерки на Порнхаб, откри и дека има високи стандарди кога се во прашање соработките со брендовите. Така, таа неодамна се вклучи во дискусија на социјалната мрежа Твитер за „насилните брендови и стилисти“ и соработките со нив.
„Никогаш не сум направила снимање без претходно да му испратам на мојот менаџер список со брендови кои одбивам да ги носам. Не е тешко да не се поддржат насилниците“, се огласи таа на социјалната мрежа Твитер.
Нејзиниот начин на водење бизнис се чини дека е многу профитабилен, бидејќи нејзината нето вредност е наводно околу пет милиони долари. Таа има и импресивна колекција на скапи автомобили и мотори, а најскапото возило што го поседува е Ferrari F12 Berlinetta кое чини околу 300.000 фунти.
Миа ја започна својата кариера во порно индустријата во октомври 2014 година, а до декември истата година го достигна првото место на најголемите ѕвезди на Порнхаб. Во едно интервју, таа откри дека заработила само околу 12.000 долари за време на нејзината кариера во индустријата за возрасни.