Поранешната финска премиерка Сана Марин не губи време, а на социјалните мрежи редовно објавува слики од забавата.
Поранешната премиерка првпат се најде во центарот на јавното мислење кога на фестивалот „Ruisrock“ се појави во шорцеви, маица и кожна јакна. Нејзиниот изглед тогаш предизвика ентузијазам кај корисниците на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека Сана е во чекор со времето, но и со помладата генерација.
Сега реши повторно да се рекламира преку своите мрежи, а на Инстаграм објави компилација од фотографии во различни комбинации.
Кој би помислил дека Сана Марин има 36 години?
Да потсетиме, поранешната премиерка ја изненади јавноста кога пред повеќе од два месеци објави дека се разведува од сопругот Маркус Раиконен по 19 години брак.
Таа тогаш рече дека двајцата ќе продолжат да бидат „најдобри пријатели“ и грижливи родители.
„Заедно поднесовме барање за развод. Благодарни сме за 19 години заедно и за нашата сакана ќерка“, изјави Сана Марин на својот Инстаграм профил.