Манекенката Вероника Роуз (28 г.) е поранешна медицинска сестра која се соочила со љубомора од своите колешки бидејќи се занимавала и со манекенство односно глума за возрасни покрај нејзината примарна работа. Поради ова, таа ја напуштила работата како медицинска сестра и сега заработува 10 пати повеќе пари.
Иако ја сакала својата работа како медицинска сестра, работела долги часови за мала плата, па почнала да објавува секси фотографии на социјалната мрежа Инстаграм за да заработи малку пари на страна.
Во тоа време, таа немала поим дека тоа може да и ја промени кариерата засекогаш.
Вероника Роуз вели дека нејзината слава не им се допаднала на колешките, а една колешка дури се обидела да ја избрка од работа.
„Никогаш не ја спомнав мојата страница за возрасни на работа, но моите колешки набрзо дознаа и не им се допадна мојот успех, станаа љубоморни“, изјавила за NudePR, Вероника Роуз, која на Инстаграм ја следат 1,2 милиони луѓе.
Поради ова се соочила со фактот дека колешките ќе и ја префрлат целата работа, а тие „ќе седат на страна и ќе ја гледаат“.
Нејзините колешки постојано ја озборувале нејзината слава на социјалните мрежи и ширеле гласини за нејзините секси фотографии. Во исто време растеле нејзините социјални мрежи, а имала се повеќе следбеници и внимание во јавноста.
За време на една дружба за „Ноќта на вештерките“, Вероника Роуз била забележана од момчето на нејзината колешка, што на колешката воопшто не и се допаднало, а дополнително ги зголемило деловните озборувања и љубомора.
И покрај тензиите на работа, манекенката вели дека некои други колеги биле инспирирани од нејзиниот пат и побарале совет од неа како да започнат.