Специјалниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија ја одби жалбата на адвокатот на поранешниот премиер Сали Бериша против изречената мерка куќен притвор за неговиот клиент, јавува Репортери.
Одлуката на Основниот суд останува во сила, што значи дека поранешниот премиер на Албанија ќе продолжи да остане во „куќен притвор“.
Адвокатот на поранешниот премиер Бериша Генц Ѓокутај најави дека ќе поднесе тужба до Врховниот суд за да се спротивстави на оваа безбедносна мерка.
Сали Бериша е во „куќен притвор“ од 30 декември 2023 година. Оваа мерка против него е изречена откако не ја спроведе мерката „задолжително појавување“.
Бериша е осомничен дека учествувал во корупцискиот скандал „Партизани“.
Поради истиот случај, во „куќен притвор“ е и неговиот зет Џамарбер Маљтези, додека на градежникот Фатмир Бектеши му е изречена безбедносна мерка „должност да се јави“.