Дон Лемон, поранешен водител на Си-Ен-Ен, го тужи мултимилијардерот Илон Маск откако X, социјалната мрежа што ја поседува, го повлече неговото шоу.
Во април 2023 година, Лемон беше отпуштен од CNN по 17 години на оваа телевизија, а во март оваа година беше емитувана првата епизода од неговата емисија која требаше да се појави исклучиво на социјалната мрежа X.
Елон Маск беше избран за гостин за првата епизода, но интервјуто помина релативно лошо за јужноафриканскиот милијардер. Лемон му постави голем број тешки прашања, а неговите одговори беа наидени на критики од корисниците на X.
По првата не беше објавена ниту една нова епизода, а Лемон набрзо доби информација од Х дека договорот му е раскинат.
Поранешниот водител на Си-Ен-Ен смета дека тоа било без причина, а тој иницирал правен процес против Маск пред судот на сојузната држава Калифорнија.