Поранешниот ген-сек. на НАТО со драматичен предлог: “Украина да влезе во НАТО без териториите окупирани од Русија“

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предложи Украина да се приклучи на воената Aлијанса без териториите окупирани од Русија, бидејќи, како што вели, делумното членство на Украина ќе испрати порака до Русија дека не може да ја спречи Украина да влезе во НАТО.

Андерс Фог Расмусен, дански политичар кој беше генерален секретар на НАТО од 2009 до 2014 година, инсистираше на тоа дека планот на Украина за делумно членство нема да симболизира замрзнување на конфликтот, туку наместо тоа ќе биде израз на решителност дека Русија не може да ја спречи Украина да се приклучи на западната воена Алијанса, пренесува весникот The Guardian.

Андерс Фог Расмусен вели дека прашањето за членството на Украина во НАТО не може повторно да се одложи за следните години.

Дојде време да го направиме следниот чекор и да ја поканиме Украина да влезе во НАТО. Ни треба нова европска безбедносна архитектура во која Украина е во срцето на НАТО. Со исклучување на територијата што ја држи Русија од НАТО, би се намалила опасноста од конфликт меѓу Русија и НАТО“, порача Андерс Фог Расмусен.

Андерс Фог РасмусенвојнаНАТОРусијаУкраина