Поранешниот претседател на Перу, Алберто Фуџимори е ослободен од затворот на главниот град на земјата, каде помина повеќе од 15 години зад решетки.
Како што јавува Би-Би-Си, стотици приврзаници го опколиле неговиот автомобил додека тој излегувал од затворот Барбадило во градот Лима, пренесува Телеграф.
Тој е највисоката личност во земјата што бил затворен за корупција и кршење на човековите права додека бил на власт.
Поранешниот претседател издржуваше казна затвор од 25 години, но судот беше тој што ја намали оваа казна, одлучувајќи да го ослободи.
Фуџимори го напушти затворот носејќи маска во придружба на неговите две деца Кенџи и Кеико Фуџимори, кои загубија на последните претседателски избори со мала разлика.
За неговите поддржувачи, Алберто Фуџимори беше претседателот кој го спаси Перу од злото на тероризмот и економскиот колапс.
Синот на јапонски имигранти, Фуџимори беше на власт со децении, поточно од 1990 до 2000 година, каде што ја држеше власта со железна тупаница.