Високиот руски безбедносен функционер, Дмитриј Медведев, во петокот кажа дека новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, роден во Русија, Олександр Сирски, е предавник, а Кремљ вели дека неговото назначување нема да го промени исходот од конфликтот во Украина, што Русија го нарекува „специјална воена операција“.
Во четвртокот, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го смени популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, со генерал-полковник Олександр Сирски (58 г.), командант на копнените сили.
Олександр Сирски е роден во јули 1965 година во рускиот регион Владимирово, кој тогаш беше дел од Советскиот Сојуз. Како и многу луѓе на негова возраст во украинските вооружени сили, студирал во Москва, на Вишата воена командна школа. Тој служел во Советскиот артилериски корпус пет години, а во Украина живее од 1980-тите години.
Дмитриј Медведев, поранешниот претседател кој сега е заменик на Советот за безбедност на Русија, го обвини Олександр Сирски, кој не служел во постсоветската руска Армија и дека ја прекршил заклетвата на својот офицер.
„Гледајќи ја биографијата на новиот врховен командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски, се чувствува омраза, презир, гадење“, напиша Димитриј Медведев на својот официјален профил на социјалната мрежа Телеграм.
„Одвратност кон човек кој бил советски руски офицер, но станал предавник, кој ја прекршил својата заклетва и им служи на нацистите, уништувајќи ги своите најблиски. Нека му гори земјата под неговите нозе!“, напиша тој.
Бандера се однесува на Степан Бандера, украински националист од Втората светска војна кој соработувал со нацистичка Германија во борбата против Црвената Армија. Некои Украинци го сметаат за борец за слобода, додека Русите го сметаат за предавник.
Кремљ соопшти дека не верува дека промената на врвот на украинското воено раководство ќе го промени исходот од конфликтот.
Во телефонски разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача:
„Сметаме дека тоа не се фактори кои можат да го променат текот на специјалната воена операција“.