Димитриј Медведев тврди дека светот се приближува до „нуклеарна апокалипса“ поради испраќањето оружје во Украина.
Споменатите забелешки тој ги даде како дел од интервјуто што го даде за главните руски медиуми, вклучително и државната медиумска агенција РИА Новости, порача:
„Дали заканата од нуклеарен конфликт помина ? Не, таа не помина. Се зголеми. Секој ден кога и се доставува странско оружје на Украина, се доближуваме до нуклеарна апокалипса… Имам чувство дека до одреден момент не веруваа и не ја видоа решителноста на Русија и нејзиниот претседател“, изјавил Медведев.
„И погрешно пресметале. Последиците се многу покомплицирани отколку што можеа да бидат ако го потпишаа документот со нас во декември“, додаде тој.
Медведев веројатно мислеше на договорот за „непроширување на НАТО“ и „поместување“ на границите на Алијансата до состојбата од 1997 година, што Русија го предложи во декември 2021 година, односно два месеци пред почетокот на инвазијата.
Последен пат прашањето за руската нуклеарна закана беше покренато во февруари, по одлуката на Москва да се повлече од Договорот за намалување на стратешкото оружје. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна ја критикуваше Велика Британија за испорака на гранати со осиромашен ураниум на Украина, тврдејќи дека тоа се оружје со „нуклеарна компонента“.