ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ГО ОЧЕКУВА СЕДМОТО ДЕТЕ СО ТРИ ДЕЦЕНИИ ПОМЛАДА ЖЕНА: Вака ја извести јавноста за среќниот настан ФОТО

Двојката беше во брак осум години.

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез , Марк Ентони и неговата девојка Надија Фереира на Денот на вљубените објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Тие ја споделија радосната вест на својот Инстаграм профил:

“Најдобриот подарок за Денот на вљубените досега! Ти благодариме Боже за овој голем благослов”, сподели парот во описот на фотографијата.

На крајот на јануари оваа година, парот се венча, а јавноста дозна за нивната врска во февруари 2022 година. Ова е четврти брак на познатата пејачка.

Надија е парагвајска манекенка, таа се натпреваруваше и на Мис Универзум 2021 година, каде што се пласираше како прва придружничка.

Ова ќе биде седмо дете на Марк. Тој и Деби Росадо ја добија ќерката Аријана, а потоа го посвоија синот Чејс. Со актерката Дејанара Торес, со која се ожени во 2000 година, доби два сина, Кристијан и Рајан, а со Џенифер Лопез ги има близнаците Ема и Макс.