Поранешниот фински премиер, Александар Стуб, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на земјата на претстојните избори во јануари 2024 година, пренесуваат британските медиуми.
Неговата изјава доаѓа откако актуелниот премиер Петери Орпо во неделата побара од Стуб да стане кандидат за конзервативната партија Национална коалиција.
-Во оваа геополитичка ситуација одговорот е недвосмислен: штом нѐ повикува татковината, ние одговараме на повикот, изјави поранешниот премиер пред новинарите.
Стуб, кој моментално е професор и директор на Европскиот универзитетски институт во Фиренца, Италија, имаше неколку министерски функции пред да стане премиер на Финска во 2014-2015 година.
Меѓу оние кои ја објавија својата кандидатура за претстојните претседателски избори во земјата се доскорешниот министер за надворешни работи Пека Хаависто, научникот Мика Алтола и гувернерот на Централната банка на Финска, Оли Рен.