Поранешниот фудбалер на Звезда заработи шест повреди за 16 месеци!

Михаило Ристиќ (29), дефанзивецот на Селта од Виго повторно се повреди и тоа е негов шести пех во последните 16 месеци, а за последниот се уште не се знае колку ќе трае паузата.

Дефанзивецот заработи уште една повреда на десната тетива при поразот од Севиља кога влезе во игра во 66. минута и 10 минути подоцна го напушти теренот поради болки.

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда беше надвор од терените речиси два месеци по пристигнувањето во Шпанија минатата сезона поради повреда на коленото.

По опоравувањето следуваше пауза од два месеци поради проблеми со мускулите, но тоа не беше крајот.

Тој имаше проблем и на загревањето во претсезоната и беше надвор од терените уште два месеци и потоа одигра пет натпревари, но сега повторно мора да одмори.

За тимот од Примера запиша само 807 минути , а оваа сезона на теренот во лигата мина само 128 минути

На 16 натпревари собра две асистенции, а на девет беше стартер.