Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ стана татко: Ѓорѓе Куљиќ и Мила добија девојче, бебето е родено во оваа држава (фото)

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ – Ѓорѓе Куљиќ стана татко. Младиот бизнисмен од Нови Сад и неговата сопруга Мила добија девојче.

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ се ожени речиси во исто време кога и таа му кажа „да“ на фудбалерот Немања Гудељ.

Сопругата на Куљиќ се породи вчера во Америка, а добија ќерка чие име сè уште не е познато.

Инаку, Ѓорѓе Куљиќ има фирма во САД која се занимава со превоз на стока со камиони.

Toj се ожени година и пол по раскинувањето со ќерката на Цецa, со која дури извесен период живеја заедно.

По раскинувањето, Куљиќ беше поврзуван со неколку познати дами, но тој само ја потврди врската со Мила со која се ожени летово.