Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада

Министерството за внатрешни работи информира дека денес во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, се наведува во соопштението на МВР

ВладаМакедонијаМВРСкопје