Вечерва со почеток во 20:45 часот на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра фудбалскиот натпревар Северна Македонија – Летонија во рамките на Лигата на нации.
Од МВР најавуваат дека на улиците во близина на стадионот ќе има посебен режим на движење, а бараат граѓаните да ги почитуваат правилата.
„СПБ-Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска, 14.11.2024 година (четврток), поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар со почеток во 20:45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на улиците околу арената. СПБ-Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници“, се наведува во соопштението на МВР.