Последици од нападот на Израел врз Иран: Цените на нафтата енормно скокнаа

Глобалните цени на нафтата скокнаа откако Израел го нападна Иран.

Овој напад доведе до драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Референтните договори за нафта, Брент суровата нафта и Нимекс „лесно слаткиот“ (Nymex light sweet), пораснаа за повеќе од 10 проценти откако се објави веста.

Трговците се загрижени дека конфликтот меѓу Иран и Израел би можел да ги наруши испораките од регионот богат со енергија.

Цената на суровата нафта влијае на сè, од цената на храната во супермаркетот до тоа колку чини полнењето автомобил.

Аналитичарите за Би-Би-Си изјавија дека трговците со енергија сега ќе следат дали Иран ќе возврати во наредните денови или часови.