Последици од силното невреме во Австрија – речиси 6.000 домаќинства се уште се без струја

Речиси 6.000 домаќинства во австриската покраина Тирол се уште останаа без струја по силната бура претходниот ден, објави мрежниот оператор Tinetz.

Без струја во најлошиот период останаа околу 18.000 домаќинства, а денес (среда) без струја се уште околу 5.700 домаќинства.

Налетите на бурата достигнаа максимална брзина од повеќе од 100 километри на час во вторникот во регионот, а патиштата и железницата се затворени поради паднати дрвја.

Железничката линија преку превојот Бренер кон Италија беше отворена но преполна,а најмалку една линија беше повторно отворена во средата наутро, соопштуваат тамошните медиуми.

Претседателот на АвстријаАлександар Ван дер Белен, сакал да отпатува со воз до отворањето на фестивалот „Брегенц“, годишен оперски фестивал на езерото, но морал да се префрли во автомобил поради лошите временски услови. Првиот човек на државата во видеото им се заблагодарува на сите што му помогнале.

Две жичарници биле суспендирани во вторникот вечерта во планинската сојузна покраина Салцбург, откако бура со грмотевици урнала неколку дрвја. Во Вагреин во провинцијата Салцбург била спроведена операција за спасување на 144 лица.

АвстријаневремеТирол