Битлси ја објавија песната „Now and then“. Песната конечно беше завршена по 45 години, а првите ноти од оваа песна ги напиша Џон Ленон во далечната 1978 година.
На снимката се појавуваат сите членови од Битлси и тоа ќе биде последната песна на која работеа славните Ленон, Макартни, Харисон и Стар. Заокружувајќи ја својата кариера, Now And then ќе бидр прикажана во двоен сингл чија А-страна ќе ја содржи нивната деби песна од 1962 година „Love Me Do“.
Овој сингл ќе го одбележи последното поглавје на еден од најголемите бендови во историјата на рок музикаѕа, според Би-Би-Си.
Во Обединетото Кралство, „Now and tnen“ се емитуваше на BBC Radio 2 и 6 Music во 15 часот.
Во исто време, песната е достапна на стриминг сервисите Spotify, Apple Music и Amazon Prime Music.
ЦД-то, плочата и касетата ќе бидат пуштени во продажба во петок, 3-ти ноември. Песната ќе биде вклучена во ново ремастерираната и проширена верзија на албумот со најголемите хитови на Битлси од албумот The Beatles’ Red and Blue од 10 ноември.
Сега легендарното демо оставено од Џон Ленон првпат беше работено во февруари 1995 година од Пол, Џорџ и Ринго како дел од проектот „Антологија на Битлси“, но остана недовршено, делумно поради невозможните технолошки предизвици и неможноста да се користи вокалот. Џон Ленон снимил на касета во седумдесеттите со придружба на пијано. Со години се претпоставуваше дека песната никогаш нема да биде завршена.