Кој е вистинскиот нарачател на ликвидацијата – сè уште не се знае.
На 15 јануари 2000 година пред „Интерконтинентал“ околу 17 часот застанале два автомобила. Од „опел калибрата“ излегле Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики кои и’ биле од претходно познати на полицијата. Од второто возило голф излегол Зоран Николиќ, како и Доброслав Гавриќ, припадник на Втората чета на првиот баталјон на белградската полициска бригада.
Зоран останал на паркингот, додека овие тројца влегле во салата подготвувајќи се да извршат тројно убиство. Во лобито на хотелот имало невидена гужва. Аркан седел во сепаре недалеку од рецепцијата. Во хотелот дошол со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матеовиќ.
Она што е интересно и подеднакво морничаво е дека тројцата од сликата се мртви. Додека сестрите во придружба на Матеовиќ биле во посета на бутици, Аркан седел во ходникот со своето друштво. Неколку минути по 17 часот им се приближиле Гага и Мики, а минута подоцна Гавриќ станал од масата. Од под палтото извадил пиштол „СЗ 99“. Испукал три куршуми кон Аркан. На подот од салата во „Интерконтинентал“ паднале, чаши, шолји и шишиња, а гостите легнале на подот за да се заштитат од куешумите. На местото на настанот брзо дошла полицијата, но не и брзата помош.