Петте патници во подморницата Титан – меѓу кои и тројца Британци – ги поминале последните моменти пред нивната смрт во целосна темнина гледајќи биолуминисцентни суштества во длабочините на океанот и слушајќи музика, открила сопругата на еден од загинатите.
Тие го започнале своето патување кон потонатиот брод Титаник на 18 јуни во 8 часот наутро. Еден час и 45 минути подоцна, во 9:45 часот, е изгубен секаков контакт со подморницата, пишува Дејли Мејл.
Сега се знае дека звукот што го забележала американската морнарица во тоа време бил од имлодирањето на подморницата. Пет дена подоцна, на морското дно, во близина на Титаник, се пронајдени остатоците од подморницата.
Сите што биле во подморницата, директорот на компанијата што ја организираше експедицијата Стоктон Раш (61), францускиот експерт за Титаник П.Х. Наргеолет (77), британскиот милијардер и авантурист Хамиш Хардинг (58) и таткото и синот Шахзада Давуд (48) и Сулеман Давуд (19) – починале во исто време, без воопшто да знаат што се случува.
Во неделата, Кристин Давуд, сопругата на Шахзад и мајка на Сулеман, откри досега непознати детали за нуркањето и како нејзините најблиски „за влакно“ ќе го пропуштиле кобното патување.
Семејството Девуд, кое живее во Сари, требало да полетаат за Торонто на 14 јуни. Нивниот прв лет бил окажан, па имале дополнителен ден да го разгледаат градот. Но, и наредниот ден летот повторно бил откажан, па се плашеле дека нема да стигнат.
„Всушност, бевме прилично загрижени дека и следниот лет ќе биде откажан. Сега, се разбира, жал ми е што не беше откажан“, изјавила г-ѓа Давуд.
За време на нуркањето таа била на главниот брод „Полар Прајс“, заедно со нејзината ќерка Алина (17). Таа вели дека состаноците за нурнувањето биле одржани во 7 часот наутро и во 7 навечер.
На оние што требало да нурнат со подморницата им било кажано да си носат дебели чорапи, бидејќи било студено во длабочините на океанот. Исто така им било кажано да јадат полесна храна и да не пијат кафе пред патувањето.
Имено, во подморницата немало тоалет, туку само мала кутија за тоалет зад завеса.
На патниците им било наложено да си ги наполнат мобилните телефони со омилената музика, која може да ја слушаат. Дозволена биле сите видови музика – освен кантри, изјавил Раш пред патувањето.
Тој, исто така, ги предупредил патниците на неговата подморница дека ќе го поминат нуркањето во целосен мрак бидејќи светлата ќе се изгаснат за да заштеди енергијата од батериите што ќе им бидат потребни подоцна кога ќе се најдат на дното.
Но, во во темнината тие ќе можат да гледаат биолуминисцентни суштества.
Кристин Давуд рече дека нејзиниот сопруг бил возбуден „како мало дете“. Тој се „заразил“ со Титаник откако ја посетил изложбата за бродoт во Сингапур на стогодишнината од неговото потонување.
Во 2019 година, семејството го посетило Гренланд и било воодушевено од глечерите и ледените брегови.
Таа самата нашла реклама за „OceanGate“ и нејзината намера била да одат таа и сопругот.
Нивното патување било одложено поради пандемијата, а кога конечно можеле да патуваат, синот Сулејман бил доволно возрасен да оди наместо нејзе.
Тинејџерот со себе си понел Рубикова коцка, надевајќи се дека ќе го собори рекордот и ќе ја реши под вода.
Кристин рече дека Раш, заедно со неговата сопруга Венди, отпатувале во Лондон за да ги информираат за некои аспекти од патувањето, иако техничките детали им останале непознати.
„За техничката страна… немавме поим“, изјавила таа. „Мислам, седите и летате со авион и не знаете како работи моторот“.
Кристин вели дека нејзиниот сопруг бил многу восхитен од приказните на П.Х. Наргеолет, еден од најпознатите експерти за Титаник, кој исто така загина.
Французинот им ги презентирал неговите претходни 37 нуркања и им кажал за инцидентот кога „подморницата се заглавила на дното три дена и немале никаква комуникација“.
Кристин рече дека кога нејзиниот сопруг го слушнал тоа, се свртел кон нив и им рекол: „О, боже, тоа е многу кул!“.
Таа додала дека бил многу среќен, а очите особено му светнувале кога се зборувало за сите овие страшни работи.
Утрото на 18 јуни, патниците морале да бидат на палубата во пет часот наутро. Кристин Давуд изјави дека била воодушевена од професионалноста на сите на бродот.
„Се изгледаше како добро организирана операција – можеше да се забележи дека тоа го правеле со години“, рече таа.
Сулејман и Шахзада носеле костуми на OceanGate, како и водоотпорни панталони, портокалова водоотпорна јакна, добри чизми, елеци за спасување и шлемови.
Пред нуркањето, сите биле измерени и фотографирани.
Сите пет патници влегле во подморницата и го затвориле капакот, а некој ги затегнал завртките oднадвор.
Екипажот потоа го изведел маневарот за спуштање на Титан во морето.
„Тоа беше убаво утро“, се присетила Кристин.
Нешто подоцна слушнала како некој вели дека нема комуникација со Титан.
Таа отишла до мостот од каде го следеле нурнувањето на подморницата, но таму ѝ рекле да не се грижи бидејќи комуникациите биле несигурни. Ѝ рекле и дека доколку има некакви проблеми, ќе ја откажат мисијата и подморницата ќе се врати на површината.
Но, набрзо стигнала информацијата дека не знаеле каде е Титан.
„Гледав во океанот во случај подморницата да излезе на површина“, рече таа.
Кристин, исто така, била на бродот и пет дена подоцна, кога остатоците од подморницата биле извлечени од морето.