Маж од Индија е во затвор под обвинение дека ги убил сопругата и двегодишната ќерка пуштајќи кобра во нивната соба .
Инцидентот се случил во село во областа Ганџам во Одиша.
Локалните медиуми јавуваат дека маж (25) се скарал со сопругата (23) со која има ќерка . NDTV известува дека тој наводно ја купил кобрата од тренер на змии велејќи дека ќе ја користи за религиозни цели.
На 6 октомври, Ганеш, ослободил змија од пластична тегла во просторијата каде што спиеле неговата сопруга и ќерка . И двeте биле пронајдени мртви со траги од каснување од змија следното утро, додека таткото тврдел дека спиел во другата соба.
На соседите им рекол дека во куќата влегла змија и му ги каснала сопругата и детето. Локалните жители ја убиле змијата и ги однеле мајката и ќерката во блиската болница каде што им била констатирана смрт.
Полицискиот началник на Ганџам рече дека таткото на неговата сопруга веднаш го обвинил за убиство. Започнала истрага и полицијата испрашувала ракувачи со змии во локалната област.
Мажот првично ги негираше обвиненијата, но на крајот ги призна злосторствата за време на испрашувањето, соопшти полицијата.
– Обвинетиот е уапсен еден месец по инцидентот бидејќи доцнело при собирањето докази против него. Го добивме и обдукцискиот извештај од кој јасно се посочува дека смртта на мајката и ќерката настапила доцна вечерта на 6 октомври. Ова покрена сомнеж за тоа како змијата можел да остане во иста просторија до утрото неколку часа откако ги каснала. На распитот тој ги негираше обвинувањата, а подоцна тврдеше дека змијата можеби сама влегла во просторијата, но на крајот призна дека го сторил делото – според началникот на полицијата.