После смртта на Аркан, Цеца остана сама со децата: Вака пејачката успеа да ги изведе наследниците на вистинскиот пат (фото)

Цеца Ражнатовиќ смета дека воспитувањето и образованието на децата се најважна задача на секој родител.

По смртта на нејзиниот сопруг Жељко, познатата пејачка остана сама со две мали деца кои мораше да ги образува, воспитува и води на вистинскиот пат.

За време на гостувањето во емисијата „Уна, дуе, тре“ отворено зборуваше на тема родителство, а Цеца Ражнатовиќ смета дека воспитувањето деца во денешно време е сè потешко и потешко.

– Родителите во денешно време се збунети, не знаат на кој начин да ги воспитуваат децата затоа што кога си учтив, ти си досаден.

А кога, за жал, си груб, бучен, кога ги свиткуваш лактите, тоа е ин. Сè e наопаку – признава таа.

Цеца Ражнатовиќ не го крие воспитувањето на своите деца, но со задоволство зборува за тоа кога ќе добие шанса, а имајќи предвид дека и Вељко и Анастасија израснаа во културни и образовани млади луѓе, има со што да се гордее.