Седум години по разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли изгледа дека нашла некој посебен. Иако низ годините ја поврзуваа со разни познати мажи, таа никогаш јавно не потврдила каква било врска со ново момче како вистинита, но сега ситуацијата е поинаква.
Холивудската актерка неодамна беше забележана во друштво на британскиот рапер по име Акала, чие вистинско име е Џејмс Кингсли Меклин Дејли. Фотографиите објавени во магазинот ,,Оги” ги покажаа Анџелина и Акала заедно во Милано, каде што уживаа во романтична вечера со екипата на филмот „Марија“.
Ова не е првпат да се видат заедно. Тие заедно присуствуваа на книжевниот фестивал Калабаш во Јамајка во мај, а беа видени и на неколку концерти. Сепак, ниту една од страните сè уште официјално не ја потврди нивната врска.
Што се однесува до нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, неодамнешните гласини го поврзуваат со младата жена со шпанско потекло, Инес де Рамон ќ. По 12 години врска и брак, Анџелина и Бред се разведоа во 2016 година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина.
Обожавателите долго време се прашуваа за причината за разводот, а медиумите шпекулираат дека клучна улога имал инцидент во авион во 2016 година. Потоа протекоа наводи дека Бред Пит физички и вербално ги малтретирал Анџелина и нејзините деца во текот на летото. Овој трагичен настан стави крај на нивниот брак и отвори ново поглавје во нивниот љубовен живот.