Бадник носи посебна магија, а трпезата е вистинското место каде се спојуваат мирисите, вкусовите и традициите. Доколку барате посна гибаница која ќе ги воодушеви сите, а истовремено ќе биде лесна за подготовка, ова е вистинскиот избор. Се топи во устата, а е и вкусна, а тајната е во еден мал трик – јајцата ги заменувате со две внимателно одбрани состојки.
Ова е рецепт кој секогаш функционира, дури и за оние кои можеби не се вешти во кујната, а резултатите се – совршени! Најдете го вистинскиот рецепт за совршениот оброк за Бадник и воодушевете ги сите на трпезата со овој посен деликатес.
Состојки:
500 гр готови кори
500 гр посно фета сирење
2 посни павлаки (мали)
1 шолја кисела вода
3 лажици мелен лен
7,5 чаши вода
2 лажички прашок за пециво
1/2 чаша масло
1 лажичка сол
Подготовка:
Во сад измешајте павлака, кисела вода, прашок за пециво, сол и издробено фета сирење. Во друг сад измешајте мелен лен и вода (тоа е замена за јајца) и убаво измешајте, па додајте во смесата и сè убаво измешајте. Намачкајте ја тавата со масло, па секоја кора потопете ја во смесата и замесете, па наредете ја во тавата. Прелијте го со преостанатиот фил. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 40 минути.
На здравје!