Поставени огради со зашилени врвови на стадионот пред финалето на Купот на Франција, Макрон трофејот ќе го дава на трибините

 На стадионот „Стад де Франс“ во Париз пред финалето на националниот куп меѓу Нант и Тулуз, е подигната ограда со вертикални врвови.

– Дали сме во средниот век? Ова е апсолутно срамота и неодговорно! – напиша новинарот Пол Комето на Твитер.

Според медиумите, причина за ваквата одлука биле инцидентите кои се случиле откако Нант се пласираше во финалето на Купот на Франција. Навивачите истрчаа на теренот по последниот судиски свиреж.

Финалето на Купот на Франција ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.

Протоколот за финалето на Купот на Франција е променет на барање на Елисејската палата. Претседателот Емануел Макрон ќе учествува на доделувањето, но на победниците ќе им го врачи трофејот на трибините, а не на теренот на „Стад де Франс“, како што беше направено претходно.